Вие имате прво да ја знаете вистината

НЕРЕАЛНИ СЦЕНИ ОД ГЛАВНИОТ ГРАД НА ИРАК, НЕБОТО СТАНА ПОРТОКАЛОВО: “Повеќе од 5.000 луѓе се во болница!“ (фото)

Силна песочна бура повторно го погоди Ирак, кој веќе страда од климатските промени, а најмалку 4.000 луѓе завршија во болница поради проблеми со дишењето, пишува Daily Mail.

Густиот облак прашина што го прекри главниот град Багдад доведе до затворање на аеродромите, училиштата и јавните канцеларии низ целата земја.

Багдад, Ирак

Ова е осма песочна бура од средината на април што го погодува несреќниот Ирак, кој веќе страда од деградација на почвата, интензивни суши и слаби врнежи поврзани со климатските промени, а зголемувањето на температурите дополнително ги намалува врнежите.

На почетокот на овој месец песочна бура усмрти едно лице, а дури 5.000 завршија во болница поради респираторни проблеми.

Багдад, Ирак

Затоа, Багдад е обоен во портокалово, а песок прекри многу други градови, вклучувајќи го шиитскиот свет град Наџаф на југ и Сулејманија во северниот курдски регион.

Жолтиот и портокаловиот песок ги прекри покривите на куќите и автомобилите и навлезе во домовите.

Багдад, Ирак

Властите во седум ирачки провинции, вклучувајќи го и Багдад, наредија затворање на владините канцеларии.

Но, здравствените установи останаа отворени за да им помогнат на оние кои се изложени на најголем ризик, вклучително и постарите лица и оние кои страдаат од хронични респираторни и срцеви заболувања.

Багдад, Ирак

Најмалку 4.000 луѓе се примени во болница поради проблеми со дишењето“, изјави министерот за здравство Сеиф ал Бадр, додавајќи дека сите пациенти ја добиле потребната медицинска нега.

Околу 20 пациенти, од кои повеќето постари мажи, се примени во болницата Шеик Зајед во Багдад.

Багдад, Ирак

Луѓето кои отишле во светилиштето на Имам Али во Наџаф за време на невремето биле забележани како носат маски за лице.

Некои се гледаат како ја преминуваат реката Еуфрат на мост во светиот град Насирија, а водата од реката едвај се гледа поради облаците од песок.

Багдад, Ирак

70-годишниот Хади Саада лежи настрана во болнички кревет прикачен на респиратор. Тој едвај може да дише. „Ова е третпат да заврши во болница поради песочна бура“, вели неговиот син Мохамед Саада, додавајќи дека неговиот татко има проблеми со срцето.

Друг пациент, исто така 70-годишен, Калед Јасем, дише преку резервоар за кислород. „Овде сме од осум часот наутро. Татко ми има проблеми со срцето, висок крвен притисок, дијабетес и се гуши од прашина“, вели неговиот син Валид Јасем.

Околу 75 луѓе кои имале проблеми со дишењето биле примени во болницата Шеик Зајед во понеделникот, вели Талиб Абделмонеим Наим, еден од медицинските лица во болницата.

Песочната бура драстично ја намали видливоста на само 300 метри на аеродромот во Багдад, принудувајќи ги властите да го затворат, соопшти државната медиумска агенција INA. Затворени се и аеродромите во Наџаф и Сулејманија.

Багдад, Ирак

Привремено се затворени и училиштата низ државата, а завршните испити се одложени за вторник. Одложени се и испитите на факултет.

Последното во низата песочни бури би требало да стивне кон средината на неделата.

Блискиот исток отсекогаш бил погоден од песочни бури, но тие зачестија во последните години. Овој тренд е поврзан со прекумерна експлоатација на речните води, прекумерно пасење и уништување на шумите.

Багдад, Ирак

Ирак е богат со нафта и познат како земја на две реки – митската Еуфрат и Тигар. Но, резервите на вода се намалуваат со години, а Ирак е класифициран како една од петте најранливи земји во светот поради климатските промени и опустинувањето.

Во април, Министерството за животна средина предупреди дека Ирак може да очекува „272 дена песочни бури годишно“ во следните 20 години.

Багдад, Ирак

На почетокот на месецов едно лице го загуби животот поради песок.

По последната песочна бура, портпаролот на ирачкото Министерство за здравство Сеиф ал-Бадр кажа дека најголемите проблеми ги чувствуваат оние со „хронични респираторни заболувања како астма“ и постарите лица со проблеми со срцето.

Багдад, Ирак
Багдад, Ирак
Багдад, Ирак

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!