Вие имате прво да ја знаете вистината

НЕ Е ЛЕСНО ДА СИ СИН НА РОНАЛДО! Протугалецот објави фотографија со својот наследник – обожавателите останаа без зборови кога ја видоа формата на Јуниор! (фото)

Последната објава на Кристијано Роналдо привлече големо внимание кај неговите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Иако има 37 години, Кристијано Роналдо е еден од физички најподготвените фудбалери во светот.

Тајната е во неговата неверојатна посветеност и работа на себе. Португалецот секојдневно врши „сервис на своето тело“ и затоа без разлика на годините и понатаму игра на врвно ниво.

Синот на Кристијано Роналдо несомнено тргна по стапките на својот татко. Тој игра фудбал и е исклучително талентиран, а неговиот познат татко уште од мал го учи колку е важна исхраната, работата на себе и закрепнувањето по напорните тренинзи и натпревари.

Роналдо на својот Инстаграм профил објави нивна заедничка фотографија, оставајќи ги неговите следбеници без зборови. Двајцата позираа без маици и сите беа изненадени од физичката состојба на Кристијано Јуниор кој има само 11 години.

Време за опоравување со моето момче“ напиша Кристијано во описот на фотографија што ја направија во „ладната сауна“.

Терапиите во „ладна сауна“ се користат за намалување на болката, подобрување на закрепнувањето, забавување на стареењето на клетките и подобрување на здравјето. Овој тип на терапија е исклучително популарен меѓу спортистите. Роналдо често го практикува, а сега друштво за време на „смрзнувањето“ му прави синот.

Кристијано Јуниор веќе неколку години тренира фудбал и повеќе пати го покажа раскошот на својот талент. Роналдо често истакнуваше дека би сакал неговиот син да биде фудбалер, но и дека не го присилува на тоа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!