Вие имате прво да ја знаете вистината

НЕ ОЧЕКУВАНА ПОНУДА ОД ЗАПАД ПРИСТИГНА ДО РУСИЈА – Ќе ги намалиме санкциите доколку го направите ова!

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш бара од Русија и другите земји да не го спречуваат извозот на пченица од украинските пристаништа, пишува Wall Street Journal повикувајќи се на дипломатски извори.

Според весникот, Гутереш бара од Москва да дозволи испорака на украинска пченица во замена за мерки кои би го олесниле извозот на калиумови ѓубрива од Русија и Белорусија.

На разговорите беше поканета и ТурцијаАнкара соопшти дека е подготвена да учествува во евентуален договор, како и да се занимава со деминирање на Црното Море и регулирање на сообраќајот.

Обединетите нации често изразуваат загриженост дека инвазијата на Русија во Украина може да доведе до криза со храна, па дури и до глад во многу земји. Како што претходно изјави и самиот Гутереш, проблемот со гладот ​​во светот може да се реши само со враќање на Русија и Украина на светскиот пазар.

На 24. февруари Владимир Путин ѝ соопшти на јавноста дека нападот врз Украина започнал. Обраќајќи им се на своите сограѓани, тој кажа дека околностите „бараат решителна и итна акција“, бидејќи републиките во Донбас се обратија до Москва за помош. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!