Вие имате прво да ја знаете вистината

ОБЈАВЕНА СНИМКА ОД ОСТРАТА ДИСКУСИЈА МЕЃУ ДОДИК И ЏАФЕРОВИЌ!

Аудио транскриптот од денешната седница на Претседателството на БиХ, кој го објави РТРС, открива бурна дискусија меѓу членот на Претседателството Милорад Додик и претседавачот Шефик Џаферовиќ.

Додик денеска по седницата за медиумите откри дека побарал оставка од Шефик Џаферовиќ, а доколку не го стори тоа, тогаш ќе побара негова смена.

Додик најмногу му замери на Џаферовиќ за неговото минатонеделно обраќање во Советот за безбедност на ОН, велејќи дека нема одобрение од Претседателството, со што изразил лични ставови.

Џаферовиќ објасни дека БиХ ја претставуваат амбасадорот во Советот за безбедност на ОН и претседавачот со Претседателството на БиХ, но Додик не се согласува, обвинувајќи го Џаферовиќ за кршење на деловникот.

Тој рече и дека од сите партии само СДА во својата програма за работа има одредби кои го прекршуваат Дејтонскиот договор и дека Џаферовиќ постапува согласно тоа.

Снимката од острата дискусија слушнете ја на овој линк – https://lat.rtrs.tv/vijesti/vijest.php?id=473755?utm_source=Klix.ba&utm_medium=Clanak

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!