Вие имате прво да ја знаете вистината

ОПАСНО – Властите во Русија објавија дека од Украина се шири токсично загадување кое може да се осети и на Балканскиот полуостров! (видео)

Украинската армија уништи танкери полни со отровни хемикалии, што доведе до ослободување на токсични материи кои се опасни по живот, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека нападот се случил во Краматорск, дел од регионот Доњецк кој моментално е под контрола на украинските вооружени сили.

Отровниот облак во моментов се движи кон градот Краматорск откако украинските специјалци во чин на провокација активирале експлозив засилен со тон амониум нитрат, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Режимот во Киев продолжува да организира напади под лажно знаме со цел да ги обвини руските вооружени сили за наводна употреба на токсични материи“, соопштија властите во Русија.

Според Министерството за одбрана на Русија, детонацијата се случила околу 13:35 часот по локално време во близина на селото Мазановка, недалеку од Краматорск, а исто така на територија под контрола на украинските вооружени сили. Добиениот отровен облак бил висок дури еден километар.

Министерството за одбрана на Русија објави и видео снимка од воздухот на која се гледа портокалов облак кој доаѓа од местото на експлозијата. Министерството потсети дека ова не е првпат украинската армија да употреби големо количество амониум нитрат за експлозии со цел да ја обвини Русија за организирање хемиски напад.

На 11. мај, Москва објави операција под лажно знаме на силите на Киев кога цистерна со вештачко ѓубриво беше разнесена во селото Долгенкое во регионот Харков.

Метеорологот Недељко Тодоровиќ на самиот почеток на војната во Украина зборуваше за токсичното загадување од оваа земја кое настана како последица на конфликтот, а за кое експертите предупредуваа дека може да стигне до Балканскиот полуостров благодарение на циклоните.

Сепак треба да се напомене дека оваа информација и тврдење не се независно потврдени и истите се соопштени само од властите во Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!