Вие имате прво да ја знаете вистината

Откако Владимир Путин ја нападна Украина, САД објави: “УСПЕШНО ТЕСТИРАВМЕ ХИПЕРСОНИЧНО ОРУЖЈЕ!“

Воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави (САД) во понеделникот соопштија дека извршиле успешен тест на хиперсонично оружје.

Оружјето за брз одговор (ARRW) беше лансирано од бомбардер B-52 во близина на брегот на Јужна Калифорнија во саботата, се вели во соопштението.

По одвојувањето од авионот, засилувачот ARRW се запали и изгоре во очекуваното време, постигнувајќи хиперсонични брзини пет пати поголема од брзината на звукот“, се вели во соопштението.

Соединетите Американски Држави не се единствената земја која развива хиперсонично оружје чија брзина и маневрирање го отежнуваат следењето и пресретнувањето.

Русија истрела хиперсонични ракети кон цели во Украина, а Кина тестираше хиперсонично оружје, соопштија американските воени претставници.

Министерството за надворешни работи на Кина во октомври негираше дека извршило тестирање на оружјето.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!