Вие имате прво да ја знаете вистината

Откриена улогата на Владимир Путин во командувањето на руската армија: “НЕМА ЛИ ТОЈ ПОПАМЕТНА РАБОТА !?“

Се верува дека претседателот на Русија, Владимир Путин лично бил вклучен во војната во Украина и исто така се верува дека е вклучен во носењето оперативни и тактички одлуки како што се оние што ги носи полковник или бригадир, велат западни воени извори.

Претседателот на Руската Федерација помага да се утврди движењето на украинските вооружени сили во Донбас, каде што руската армија доживеа крвав пораз кога војниците во неколку наврати се обидоа да ја преминат реката Северен Доњецк, објавува The Guardian.

Изворите додаваат дека Владимир Путин сè уште тесно соработува со генералот Валериј Герасимов, врховен командант на руските вооружени сили, што е во спротивност со тврдењата на украинските власти дека генералот е маргинализиран.

Сметаме дека Путин и Герасимов учествуваат во донесувањето на тактички одлуки кои инаку би ги очекувале од полковник и бригадир“, изјави воен извор.

Сергеј Шојгу, Владимир Путин и Валериј Герасимов

Да потсетиме, руската армија досега не успеа да постигне значителен напредок во Донбас, каде веќе еден месец акумулира воена опрема и сили.

Западните извори не објавија повеќе детали, иако се подразбира дека заклучокот за личниот ангажман и военото одлучување на Владимир Путин се заснова на разузнавачки информации.

Несигурниот почеток на инвазијата на Москва на Украина, кога Русите не го постигнаа успехот на кој Москва се надеваше, резултираше со одлука да се испратат генералите поблиску до бојното поле. Според податоците на украинските вооружени сили, досега се убиени 12 руски генерали.

Руски војници во Мариупол

Бен Бери, поранешен бригадир во британската армија и експерт за копнена војна во Меѓународниот институт за стратешки студии, смета дека првиот човек на државата не треба да носи воени одлуки.

Претседателот на државата треба да има попаметна работа отколку да носи воени одлуки. Тие треба да размислуваат за политичка стратегија наместо да се заглавуваат во секојдневните активности“, вели тој.

Повеќе од 70 руски возила беа уништени во минатонеделниот обид да ја преминат реката Северен Доњецк кај Билохоривка, а опремата вредна најмалку еден баталјон беше изгубена, според проценките засновани на воздушни фотографии од бојното поле.

Во Русија, тие претрпеа пораз со голема загриженост, а некои руски воени блогери изразија ставови за „неспособноста на руската армија“ а имаат по неколку стотици илјади следбеници, објави Институтот за проучување на војната, што е редок знак за внатрешни поделби.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!