Победниците на Евровизија се вратија во својата татковина: Погледнете како Украинците ги пречекаа и заедно ја пеат победничката песна! (видео)
Членови на украинскиот бенд Kalush Orchestra претходниот ден ја преминаа полско-украинската граница и се вратија во својата татковина односно во Краковец во Лавовската област.
Таму тие се сретнаа со обожаватели и украински војници кои сакале да се фотографираат со нив. Победниците на Евровизија беа пречекани со сино-жолти цветови и со украинското знаме.
Членовите на бендот застанаа на полската граница и на задоволство на сите присутни ја отпеаја својата песна „Stefania“.