Вие имате прво да ја знаете вистината

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СНИМКАТА ОД ДРОН ЗА ВРЕМЕ НА ЕВАКУАЦИЈАТА ОД АЗОВСТАЛ – “ГО ПОЛОЖИЈА ОРУЖЈЕТО И СЕ ПРЕДАДОА” (ВИДЕО)

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во понеделникот е постигнат договор за евакуација на ранетите украински војници од фабриката за челик Азовстал. И покрај фактот што бранителите ја одбија понудата на Русија да се предадат во април, десетина автобуси со украински војници од фабриката за челик Азовстал ја напуштија фабриката, објави Ројтерс.

Денеска најмалку седум автобуси со украински борци кои се предадоа ја напуштија фабриката за челик Азовстал, придружувани од проруските вооружени сили, јавува Ројтерс, повикувајќи се на очевидци.

Претходно денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, изјави дека повеќе од 265 милитанти и украински војници, кои се криеле во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, го положиле оружјето и се предале.

Украинската армија објави дека работи на евакуација на преостанатите борци од фабриката за челик, Азовстал, во Мариупол, со што Русија ќе ја преземе целосната контрола над тој град.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!