Вие имате прво да ја знаете вистината

ПОЗНАТА СУДБИНАТА НА БОРЦИТЕ КОИ ГО НАПУШТИЈА АЗОВСТАЛ! РУСКИТЕ ВЛАСТИ СЕ ОГЛАСИЈА СО ПРЕДЛОГ!

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека украинските борци кои се предале во фабриката за челик ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди.

Руски пратеник кој учествуваше во преговорите со Украина рече дека Русија треба да размисли за смртна казна за борците од украинскиот полк Азов.

Во дебатата во рускиот парламент по предавањето на бранителите во фабриката за челик Азовстал, пратеникот Леонид Слуцки рече дека иако Русија има мораториум на смртната казна, смртната казна за борците од Азов треба внимателно да се разгледа.

Азовстал, Мариупол, Украина
Азовстал, Мариупол, Украина

Тие не заслужуваат да живеат по монструозните злосторства против човештвото што ги извршија и кои постојано се вршат врз нашите затвореници“, рече тој.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека украинските борци кои се предале во фабриката за челик ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди и дека тоа го гарантира Владимир Путин.

Руското Министерство за одбрана претходно објави дека повеќе од 250 украински борци кои се кријат во фабриката за челик во Мариупол се предале.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!