Вие имате прво да ја знаете вистината

ПОЛЕКА МУ ГО ВРТАТ ГРБОТ НА ПУТИН !? Се тресат ѕидовите во Кремљ – рускиот амбасадор во САД тврди: “Некои се подготвени да се повлечат од Украина, да капитулираат и да се покаат. Но…“

Оригиналното единство во Кремљ околу инвазијата на Украина, иницирана од Владимир Путин, се чини дека полека но сигурно почнува да пука. Амбасадорот на Русија во Соединетите Американски Држави (САД), Анатолиј Антонов, дури навести за можна поделба во Кремљ поради неуспехот на руската воена кампања во Украина и слабиот напредок во офанзивата во Донбас, пишува The Mirror.

Говорејќи на руската државна телевизија, Антонов кажа дека САД тивко му нудат на Кремљ услови за разговори за ставање крај на војната. Антонов стави до знаење дека во Кремљ има и такви кои се „подготвени да се откажат од борбата и да ги повлечат војниците“, па дури и „да се покаат и да капитулираат“.

Анатолиј Антонов

САД не туркаат на преговори, но под одредени услови“, изјави дипломатот, кој инаку важи за тврдокорен. Антонов наброја некои од условите кои наводно ѝ ги нуди на Русија американската тивка дипломатија.

Прво, да се запре воената акција. Второ, да се вратат нашите војници таму каде што беа пред 24. февруари. И трето, да се покаеме за се што направивме“, објасни Антонов.

Тој додаде дека нема ништо од повлекувањето и капитулацијата.

Никогаш нема да се предадеме и да се повлечеме“, нагласи Антонов, кој во интервју за руската државна телевизија Владимир Путин го нарече „врховен командант“.

Антонов ја опиша својата работа во руската амбасада во Вашингтон по инвазијата на Украина како „во непријателска средина“. А немал средби со американски официјални претставници, вели тој, од 24. февруари.

Вработените во амбасадата добиваат закани, дури и физичко насилство. Американските безбедносни агенти висат околу нашата амбасада“, кажа тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!