Вие имате прво да ја знаете вистината

ПОСТОИ ЖИВОТ ПОСЛЕ СМРТТА, НАУЧНИЦИТЕ ТВРДАТ: ВО МОЗОКОТ СЕ РАЗВИВААТ „ЗОМБИ“ ЌЕЛИИ, ЕВЕ ШТО ТОЧНО СЕ СЛУЧУВА И КОЛКУ ДОЛГО ТРАЕ!

Живот после смртта постои, барем оној биолошкиот, бидејќи одредени клетки од човечкиот мозок остануваат активни неколку часа по смртта на човекот, тврдат научниците во новото истражување, како што пренесува National Geography.

Некои клетки, според научниците објавени во истражувањето објавено во „Science Report“, не само што се активни, туку можат и да растат. Тоа се глијални клетки, придружни клетки во човечкиот мозок кои не припаѓаат на невроните, туку учествуваат во исхраната, заштитата и потпората на невроните и формирањето миелинска обвивка околу нив.

мозокот

Овие карактеристики на глијалните клетки, поради кои го добија прекарот „зомби“ клетки, беа откриени од тим предводен од Џефри Леб, раководител на одделот за неврологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Илиноис во Чикаго.

  • Повеќето студии претпоставуваат дека сè во мозокот престанува кога срцето ќе престане да чука, но тоа не е така. Нашите наоди ќе бидат неопходни за да се интерпретираат истражувањата на човечките мозочни ткива, бидејќи таквите промени во глијалните клетки досега не се прецизно утврдени, вели тој.

Леб објаснува дека не е чудно што глијалните клетки се активни по смртта.

  • Глијалните клетки се воспалителни и нивната задача е да ја „чистат“ околината по оштетување на мозокот, како што е недостаток на кислород или мозочен удар – вели Леб.
мозокот

Ваквите резултати од истражувањето би можеле да бидат многу важни во други студии кои ги проучуваат мозочните примероци, бидејќи научниците кои ги проучуваат невролошките болести досега не ја земале предвид постморталната активност на глијалните клетки. Со други зборови, истражувањата за невролошки болести сега ќе бидат многу попрецизни, наведува RT, а пренесува Sputnik.

Но, дури и клетките „зомби“ не живеат вечно. Студијата на научниците предводена од Џефри Леб покажа дека глијалните клетки се активни 24 часа по смртта и дека после тоа не можат да се разликуваат од мозочното ткиво кое почнува да се распаѓа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!