Вие имате прво да ја знаете вистината

Проценка на шефот на ЦИА – Тој го прочита секој чекор на Путин, а сега открива што следува до крајот на војната: “Тој воопшто не е главниот проблем”

Иако војната во Украина во моментов е централно геополитичко прашање за поголемиот дел од светот, САД ги гледаат Си Џинпинг и неговата Кина како голема опсесија и многу поопасен противник од Русија на Путин во нејзиното долгорочно стратешко размислување. Тоа произлегува од изјавата на шефот на ЦИА, Вилијам Барнс дадена на фестивалот FTWeekend во Вашингтон.

“Си е прилично вознемирен од репутациската цена што Кина може да ја плати за бруталноста на руската агресија во Украина”, рече Барнс.

И покрај тоа што Путин го стаа во преден план нуклеарниот арсенал секој пат кога ќе се почувствува заглавен, Барнс јасно кажува дека САД сè уште ја гледаат Кина како поголема закана.

“Путин покажа на многу вознемирувачки начин дека опаѓачките сили можат да бидат барем исто толку десруптивни како и растечките”, рече шефот на ЦИА. Денешниот Вашингтон е практично обединет во својот надворешнополитички став дека Кина и Русија се близнаци – но овојпат Русија е помлад брат. Џо Бајден ја постави сегашната ситуација како борба меѓу автократијата и демократијата.

Вилијам Барнс е првиот дипломат од кариера кој ја предводи најпознатата американска шпионска агенција и е високо ценет во актуелната администрација, особено во Овалната соба. Покрај тоа, тој беше речиси едногласно потврден во Сенатот, а некои странски дипломати зборуваат за него како “министер за надворешни работи во сенка”, пишува Фајненшл тајмс.

Во ноември, додека руските сили се собираа на украинската граница, Бајден го испрати Барнс во Москва за да разговара со Путин. Тоа беше и деби, бидејќи шефовите на разузнавањето не се луѓе кои седат на иста маса со шефовите на нуклеарни сили (дури и ако тој шеф на државата е поранешен шеф на ФСБ, порано познат како КГБ). Меѓутоа, како поранешен американски амбасадор во Москва, Барнс многу добро го познава Путин.

“Го гледав претседателот Путин и имав контакти со него многу години, а она што го забележав, особено во последната деценија, е дека на некој начин во него се создава многу запалива мешавина на навреденост, амбиција и несигурност, што е кај него собрано во едно. Неговата толеранцијата на ризик растеше со текот на годините додека ја стегна контролата на власта и го стеснуваше кругот на советници“, вели Барнс.

Делумно поради агресивната употреба на “превентивното разузнавање” од страна на Америка или селективното декласифицирање на воените планови на Путин, Русија се соочи со низа неуспеси во Украина. Сегашните изгледи за војна во Украина се најоптимистички од почетокот на инвазијата на 24 февруари. Некои од проблемите на Путин се секако резултат на фактот дека Украинците имаа сигурен проток на западно разузнавање за плановите на Русија. Овие “превентивни” податоци го избришаа и изговорот на Путин за агресија.

Мислам дека помогна да се оневозможи Путин во она што го гледам како работи многу вешто со години, а тоа е создавање лажни наративи за да се исценираат она што се нарекуваат операции “false flag” операции, изјави Вилијам Брнс за ФТ.

Шефот на ЦИА го одржа својот говор два дена пред парадата на Денот на победата на Путин во Москва на 9 мај. Но, тој не се сомневаше дека рускиот претседател во одреден момент повторно ќе тргне во офанзива. Војната, смета Барнс, најверојатно ќе влезе во период на меѓусебна исцрпеност во кој Русија ќе се обиде да ја консолидира и прошири територијата што ја окупираше на исток и југ пред да се прегрупира за нов удар врз Киев. “Мислам дека тој сега е убеден дека засилувањето на неговите напори ќе му донесе успех”, смета Барнс.

Американските разузнавачи досега се покажаа како исклучително точни. Со исклучок на самата руска неспособност, која го изненади речиси целиот свет, администрацијата на Бајден го предвидуваше речиси секој потег на Путин пред тој да го повлече.

Тоа, пак, го поставува прашањето дали Бајден премногу ги турка САД во војна. На самиот почеток, американскиот претседател работеше напорно за да го намали учеството на неговата администрација во обезбедувањето разузнавачки информации и обезбедувањето оружје за Украина. Но, како што воените слабости на Русија и злосторствата што ги правеа стануваа сè поочигледни, Бајден стануваше се похрабар, пишува ФТ. Во април тој го нарече Путин воен злосторник и ја опиша руската војна во Украина како геноцидна. Минатата недела Њујорк Тајмс објави дека американските шпионски агенции лоцирале 12 руски генерали убиени досега во војната. Во друго протекување податоци, Вашингтон пост тврдеше дека САД биле изворот на координатите кои овозможиле потонување на бродот Москва.

Бајден беше иритиран од овие откритија, бидејќи тие не беа ниту декласифицирани, ниту авторизирани. Но, тешко е да се отфрли впечатокот, според ФТ, дека Вашингтон преминал од внимателен курс на дејствување во фаза на пофалби. Тоа е последното нешто што го сака шефот на ЦИА. “Тоа е неодговорно. Опасно е кога луѓето зборуваат премногу, без разлика дали се работи за споделување разузнавачки тајни на приватен или јавен амбиент”, рече Барнс. Ова е особено важно во случај кога ривал со арсенал нуклеарно оружје одвреме-навреме испраќа индикации за ескалација.

Иако Барнс вели дека не откриле никакви конкретни сигнали дека Путин се движи кон употреба на тактичко нуклеарно оружје, тоа може да се промени во секое време. “Мислам дека е исклучително важно и Русите и Американците да запомнат дека ние сме, барем засега, единствените нуклеарни суперсили во светот. Заедно контролираме 90 отсто од светскиот нуклеарен арсенал и дека дури и во најлошите фази на Студената војна, американското и руското раководство имаат уникатни капацитети, но и уникатни одговорности”.

Тогаш, кој е следниот чекор? Американската официјална цел е поразот на Русија во Украина. Неофицијално е дека Путин е одговорен за воени злосторства, што значи промена на режимот. Истото имплицитно важи за Кина. “Ниту за момент не помислив дека војната во Украина ја намали решеноста на Си да ја преземе контролата врз Тајван во одреден момент. Кина останува најголемиот геополитички предизвик со кој се соочуваме како земја на долг рок”.

Значајно е тоа што во екот на војната во Украина, Бајден наскоро ќе отпатува во Јужна Кореја и Јапонија и ќе биде домаќин на лидерите на АСЕАН, група земји од Југоисточна Азија, во Вашингтон. Американската цел е да се изолира Кина и да се изврши некаква економска “дезинтеграција”. Но, инвазијата на Путин создаде две спротивставени реакции ширум светот. Западот ретко кога бил пообединет во својот отпор кон Русија, но остатокот од светот е многу порезервиран.

Државите кои треба да бидат дел од Демократската група на Бајден, како Мексико и Индија, се воздржуваат од осуда на агресијата во ОН. Земјите кои се воздржуваат или гласаат заедно со Русија сочинуваат повеќе од половина од светското население. Ако Бајден го принуди остатокот од светот да избере меѓу САД и Кина во економско и технолошки “распарување”, прашањето е во која насока би се движело мнозинството. Земјите од АСЕАН, на пример, имаат двојно поголем трговски биланс со Кина отколку со САД.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!