Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин објави каква била задачата на американските био-лаборатории во Украина – “Сега имаме докази” (видео)

Целта на американските биолаборатории во постсоветскиот простор е да собираат биолошки материјали и да ги проучуваат спецификите на ширењето на вирусите, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој потсети дека Русија долго време алармира на американската воено-биолошка активност во регионот, пренесе ТАСС.

“Како што знаете, Пентагон формираше десетици специјализирани биолаборатории и центри во нашиот заеднички регион. И тие во никој случај не се занимаваат со укажување медицинска помош на населението во тие држави. Основната задача им е да собираат биолошки материјали и да ги проучуваат за свои цели специфики за ширење на вируси и опасни болести“, рече Путин за време на самитот на врвот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) во Москва.

“Сега, во текот на специјалната операција во Украина, се добиени документарни докази дека компонентите на биолошкото оружје всушност биле создадени во непосредна близина на нашите граници, што е прекршување на конвенциите за забрана на биолошкото оружје. Развиени се можни методи и механизми за дестабилизирање на епидемиолошката ситуација во постсоветскиот простор”, рече Путин, цитиран од Интерфакс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!