Вие имате прво да ја знаете вистината

РУСКИ ПОЛИТИЧАРИ БАРААТ СМРТНА КАЗНА ЗА ВОЈНИЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ!

Рускиот парламент ја разгледува можноста за забрана на размената на војниците на украинскиот полк Азов кои, според извештајот на руското Министерство за одбрана, им се предале на руските сили во Украина, пренесува Ројтерс.

Утрово припадниците на Азовскиот полк беа евакуирани од фабриката за челик Азовстал и однесени на територии под контрола на руските власти.

Руската страна ги опишува како „нацисти“, иако членовите на полкот истакнаа дека не поддржуваат расистички, фашистички или неонацистички идеологии и дека нивната политичка ориентација е далеку од радикалниот национализам што го следеле претходно.

Вјачеслав Володин, претседателот на руската Државна дума, изјави дека членовите на Азовскиот полк се „нацистички криминалци“ кои не треба да бидат вклучени во размената на затвореници.

„Тие се воени злосторници и мора да направиме се за да ги изведеме пред лицето на правдата“, рече Володин.

Ројтерс пренесува дека претседателот на Думата рекол дека побарал од Комисијата за одбрана и безбедност да подготви инструкции како да постапи по ова прашање.

На 26. мај Врховниот суд ќе ја разгледа жалбата за означување на баталјонот Азов како терористичка организација и забраната на сите активности на тие војници на територијата на Русија.

Руските власти наведуваат дека над 250 војници од челичарницата Азовстал се предале, а на 51 од нив им е потребна итна медицинска помош поради сериозни повреди. Заменик министерот за одбрана на Украина изјави дека ќе се организира размена на војници со Русија со цел да се вратат припадниците на Азовскиот полк на териториите под контрола на украинските власти.

Леонид Слуцки, еден од московските преговарачи кој ја организираше евакуацијата од Азовстал, ги нарече борците на полкот „животни во човечки облик“, велејќи дека Русија треба да ги осуди на смрт.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!