Вие имате прво да ја знаете вистината

СЕГА И ДЕФИНИТИВНО: ЕВЕ КОГА ШВЕДСКА И ФИНСКА ЌЕ ГИ ПРЕДАДАТ БАРАЊАТА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО!

Шведска и Финска утре ќе поднесат апликации за членство во НАТО, соопшти денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон.

„Во Шведска и Финска се согласуваме да одиме рака под рака низ целиот процес и заедно ќе поднесеме барање утре“, рече Андерсон на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинист во Стокхолм, пренесува Ројтерс.

Претходно денеска финскиот парламент го одобри предлогот Финска да аплицира за членство во НАТО, изјави претседателот на парламентот Мати Ванханен, додека шведската министерка за надворешни работи Ен Линде утринава го потпиша барањето за членство во НАТО.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!