Вие имате прво да ја знаете вистината

“Сето тоа е, искрено, лага…“ – ПЕТ МИНУТИ КОИ РУСИЈА ЈА ОСТАВИЈА ВО ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ! Експертите се прашуваат: “Зошто никој не го прекина !?“ (видео)

Познатиот руски аналитичар Михаил Ходарјонок беше гостин на руската државна телевизија, каде даде изненадувачки искрен став за руската инвазија на Украина.

Ходарјонок изјави дека – „руските извештаи за деморализирани украински војници не сведочат за реалната состојба“ бидејќи, како што кажа, „тоа се само поединечни случаи“. Тој тврди дека ситуацијата е поинаква и дека Украинците се многу мотивирани и подготвени да загинат за својата земја.

Запрашан да ја коментира моменталната ситуација на бојното поле, Ходарјонок, кој во последните денови дава искрени оценки за војната во Украина, ги повика гледачите да бидат претпазливи за какви било информации што ги дава Русија за опаѓање на моралот во редовите на украинските вооружени сили.

Сето тоа е, искрено, лага“, изјави тој во четириминутното видео преведено од новинарот на BBC, Френсис Скар.

Тој, исто така, кажа дека се противи на „штракањето со оружје во однос на ракетните напади врз Финска“ по одлуката на рускиот сосед да се приклучи на НАТО, бидејќи, како што кажа, главниот недостаток на Русија е нејзината „целосна геополитичка изолација“.

Колку и да е тешко за Русите да признаат, речиси целиот свет е против нас“, нагласи тој.

Тој порача дека Русија мора да излезе од таа ситуација што е можно побргу.

Ходарјонок спомна дека наскоро ќе биде одобрена дарежлива воена и хуманитарна помош од Запад за Киев, повикувајќи се на американскиот Конгрес, и коментираше дека Русија мора да се подготви Украина наскоро да има „милион вооружени војници“.

Тоа мора да го земеме предвид кога правиме оперативни и стратешки пресметки, дека состојбата на овој план ќе ни се влоши. Тие самите велат дека не им е проблем да мобилизираат милион луѓе“, изјави тој на државната телевизија.

Кога водителката Олга Скабеева, наречена „железната кукла на Владимир Путин“, одговори велејќи дека украинските вооружени сили не претставуваат голем контингент, пензионираниот полковник одговори дека нивната волја е поважна од тоа дали се „професионални“ војници или не.

Станува збор за тоа дека степенот на професионалност не се одредува според бројот на примени војници во професионална служба, туку степенот на обука и морал и подготвеност да се пролее крв за татковината“, објасни тој.

Скабеева потоа се обиде да ја изедначи „желбата да се умре“ со професионализмот, но Ходарјонок остана смирен велејќи дека – „тоа е составен дел од високата борбена готовност на армијата“.

Главното во армијата е секогаш да се одржува чувството за воено-политички реализам. Ако одите подалеку од тоа порано или подоцна, историската реалност ќе ве погоди толку силно што ќе зажалите“, нагласи тој.

Ваквиот различен поглед на ситуацијата во Украина остави во неверување добар дел од Русија, но и аналитичарите кои секојдневно ги анализираат настаните на руските пропагандни канали. Главното прашање што го поставуваат сите е:

Зошто никој не го прекина ?

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!