Вие имате прво да ја знаете вистината

СРПСКИТЕ МЕДИУМИ ЈАВУВААТ ДЕКА НА 19. МАЈ ЌЕ БИДЕ ОДРЖАНА ЛИТУРГИЈА ЗА ПОМИРУВАЊЕ МЕЃУ СПЦ И МПЦ-ОА!

Српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан ќе служат литургија за помирување на 19 мај во храмот Свети Сава во Белград, јавија српските медиуми.

Медиумите во Србија ја пренесуваат објавата на Танјуг, за кој оваа информација ја дале извори од српската Патријаршија, наведувајќи дека литургијата ќе почне во девет часот, а ќе сослужуваат сите архиереи на двете цркви.

Патријархот Порфириј, како што наведуваат, српските медиуми, го повикал верниот народ во што е можно поголем број да присуствува на архиерејската литургија.

Извори за МПЦ-ОА за МИА не можеа да потврдат дали на 19 мај ќе се одржи заедничката литругија, но напоменаа дека Светиот синод деновиве ќе заседава и ќе се произнесе за вчерашната одлуката на СПЦ и за сите останати прашања.

Од МПЦ-ОА за МИА на прашањето дали портаролот на црквата Тимотеј, вчера бил на состанок во Белград, каде се одржува Саборот на СПЦ, како што објави денеска српски „Данас“, изјавија дека најверојатно таа информација не е точна и напомненаа дека митрополитот дебарско-кичевски до 14 часот бил во митрополијата во Охрид.

МИА се обиде да стапи во контакт со владиката Тимотеј, но тој не одговари на нашиот телефонски повик, ниту ни одговори на СМС пораката до моментот на објавување на веста.

Извори од МПЦ-ОА вчера за МИА, пак изјавија дека МПЦ-ОА не добила покана и не планира одржување заедничка света архијерејска литургија меѓу великодостојниците на нашата и на Српската православна црква на крајот на годишниот Собор на СПЦ, што започна завчера во Сремски Карловци, а чиј работен дел во наредниве денови продолжува во Белград.

Соборот на Српската православна црква вчера прогласи канонско единство со МПЦ-ОА, кое подразбира најширока можна автономија, но не и автокефалност. Во вчерашната одлука  на Соборот на СПЦ се наведува дека се „поздравува прифаќањето на општо признатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ, доделен во 1959 година“. Со ова, според српски извори е „решен спорот што датира од 1967 година кога Македонска православна црква се одвои од СПЦ“.

Со ваквата одлука, МПЦ-ОА повеќе не е „расколничка црква“ и всушност и се признава само  статусот на „автономна црква на СПЦ“, без гаранции дека некогаш ќе добие автокефалност, имајќи предвид дека за тоа, според Соборот на СПЦ, ќе биде потребен „општ православен консензус“, предупредуваат експертите во македонските медиуми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!