Вие имате прво да ја знаете вистината

Тајните служби на Велика Британија го објавија најновиот разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина: РУСИЈА Е НЕСПОСОБНА ДА ОСВОЈУВА И ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО МАСИВНИ АРТИЛЕРИСКИ НАПАДИ!

Министерството за одбрана на Велика Британија го објави својот редовен разузнавачки извештај со кој секојдневно ја известува јавноста за најновите настани и моменти за војната во Украина.

  • Новите информации на британските служби сугерираат дека размерите на уништувањето во Чернихив се застрашувачки знак за следните недели.
  • Се проценува дека околу 3.500 згради биле уништени во регионот северно од Киев, а 80 отсто од таа штета е предизвикана на станбени објекти. Размерите на оваа штета укажуваат на подготвеноста на Русија да користи артилерија во населените области.
  • Русија веројатно прибегна кон зголемено потпирање на неселективно артилериско бомбардирање поради ограничената способност да освојува цели и неподготвеноста да ризикува да лета со борбени авиони надвор од нејзината линија на фронтот. 
  • Во следните недели, Русија најверојатно ќе продолжи многу да се потпира на масивни артилериски напади додека се обидува да ја врати динамиката во својот напредок во Донбас.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!