Вие имате прво да ја знаете вистината

ТЕН ХАГ ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ СО АЈАКС МЕСЕЦ И ПОЛ ПОРАНО ЗА ДА Ѝ СЕ ПОСВЕТИ НА РАБОТАТА ВО ЈУНАЈТЕД!

Навивачите на Манчестер Јунајтед се надеваат дека новиот тренер, Ерик тен Хаг, ќе успее да направи чудо и да ги врати „црвените ѓаволи“ на патеките на старата слава.

Холандскиот стручњак на крајот на оваа сезона ќе го наследи Ралф Рангник, а планирано е да го води тимот до летото 2025 година, со опција за продолжување на уште една сезона.

А колку сериозно му пристапува на новото работно место, Тен Хаг покажа со последниот чин што го направи.

Сезоната во Холандија заврши со нова титула на Ајакс, а Тен Хаг имаше важечки договор до 30 јуни. Но, тој реши да го прекине на негова штета месец и пол порано за да се фокусира на работата во Јунајтед.

Холанѓанецот се откажа од една и пол плата, со оглед на тоа дека неговата пракса во Јунајтед ќе започне дури на 1 јули, што ретко кој тренер би го направил.

„Сфаќам дека ми треба пауза, но имам многу работа во Јунајтед и сакам веднаш да се подготвам за она што следува“, изјави Тен Хаг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!