Вие имате прво да ја знаете вистината

ШВАЈЦАРИЈА ПОДГОТВУВА ИЗВЕШТАЈ ЗА ПЛАНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСНАТА ПОЛИТИКА И ЕВЕНТУАЛНИОТ ПРИСТАП ВО НАТО!

Неутралноста на Швајцарија наскоро би можела да биде на најголемиот тест во нејзината историја, а Министерството за одбрана на земјата составува извештај за безбедносните опции кои вклучуваат заеднички воени вежби со земјите од НАТО.

Шефицата за безбедносната политика во швајцарското Министерство за одбрана, Паелви Пули, изјави дека може да има некои промени на начинот на кој се толкува нејзината неутралност, пренесува Ројтерс.

Тој додава дека другите опции вклучуваат редовни состаноци на високо ниво меѓу командантите и политичарите од Швајцарија и НАТО.

„Неутралноста, која ја држеше Швајцарија надвор од двете светски војни во текот на 20 век, имаше за цел да ја осигура нејзината безбедност“, рече Пули.

Доближувањето до НАТО алијансата би значело отстранување на традицијата да не се зазема страна, за која нејзините поддржувачи велат дека и помогнала на Швајцарија да напредува мирно и да ја задржи посебната посредничка улога.

Пули вели дека идејата за полноправно членство во НАТО е веќе дискутирана, но додека Шведска и Финска – земји кои исто така имаат историја на неутралност – се на работ да се приклучат, таа вели дека Швајцарија веројатно нема да го направи чекорот.

Извештајот треба да биде завршен до крајот на септември, кога ќе биде испратен на разгледување до швајцарската влада.

Тој ќе биде доставен на расправа до парламентот и ќе послужи како основа за можни одлуки за идниот правец на швајцарската безбедносна политика.

Самиот извештај нема да биде ставен на гласање.

Во подготовката на извештајот подготвен од МНР ќе учествува и Министерството за одбрана. Проектот ќе ги разгледува усвојувањето санкции, извозот на оружје, муницијата и односите со НАТО од перспектива на неутралност, соопшти МНР.

Во една неодамнешна анкета, повеќе од половина од испитаниците – 56 проценти – поддржуваат зајакнување на врските со НАТО алијансата, што е многу над просекот во претходните години.

Јасно е дека руската инвазија на Украина промени многу мислења.

„Ова се смета за напад на нашите западни демократски вредности“, рече еден од испитаниците.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!