Вие имате прво да ја знаете вистината

50.000 РУСКИ ВОЈНИЦИ ОВДЕ ЈА ЧУВААТ НАЈВАЖНАТА ТАЈНА БАЗА: ОТКРИЕНО ЗОШТО ПУТИН СТРАВУВА ОД ВЛЕЗОТ НА ФИНСКА ВО НАТО!

До неодамна двете скандинавски земји, Шведска и Финска, беа неутрални, но поради војната во Украина, која трае речиси цели три месеци, решија да започнат процедура за влез во НАТО.

Финска и Шведска наскоро би можеле да станат нови членки на НАТО. Претседателот на САД во четврток ќе ги прими лидерите на Финска и Шведска за да разговараат за приклучување кон НАТО пактот. На Владимир Путин воопшто не му одговара проширувањето на Алијансата во близина на северните граници на Русија. Со своите постапки кон Украина тој ги заостри и радикализираше долгогодишните добри односи со скандинавските соседи.

mapa, Finska

Финскиот консултант, комуникациски експерт и маркетинг експерт, Томи Ахонен, на својот профил на Твитер објасни зошто Москва се плаши од влезот на Финска во НАТО. Одговорот лежи во полуостровот “Кола” на крајниот северозапад на Русија, кој се наоѓа во рамките на Арктичкиот круг.

Западната четвртина на полуостровот “Кола” е една од најгустите ризници на нуклеарно оружје на планетата. Руската арктичка флота во пристаништето Мурманск има свои бази на нуклеарни мразокршачи и подморници вооружени со интерконтинентални боеви глави. Исто така, на тој полуостров има воздухопловна база на руската армија, со стратешки нуклеарни бомбардери како што се Тупољев ТУ-160, ТУ-122Н и ТУ-95.

Полуостровот има и разни други воени средства, како и масовна стационирана војска која го чува огромното рудно богатство на полуостровот, како што се никелот и бакарот. Има и бројни хидроцентрали. Проблемот што го има Русија со овој полуостров е тоа што е слабо поврзана со остатокот од земјата. Има само еден пат и една железница што го поврзува остатокот од земјата со полуостровот. Патот меѓу пристаништето Мурманск и Санкт Петербург е долг околу 700 километри.

“Силите на НАТО имаат шанса да ја загрозат оваа врска од север, од Норвешка. Русија одамна постави две копнени дивизии на својата армија на таа позиција кон Норвешка. Околу педесет илјади војници го чуваат тој пристап и не и дозволуваат на Алијансата никаков премин”, рече Ахонен.

Ахонен додава дека безбедносната рамнотежа на рускиот полуостров е нарушена поради влезот на Финска во НАТО.

“Целата територија долж финската граница станува парче земја што е практично невозможно да се одбрани. Силите на Северноатлантската алијанса од Финска утре може на стотици места да го преминат рускиот пат кон Мурманск. Би биле потребни околу милион војници за да го заштитат патото долг околу 700 км. Притоа, НАТО алијансата не би морала да ги користи своите обемни сили.

Диверзантска тактичка група во овој пошумен регион би била доволна да ја прекине руската патна, железничка, комуникациска и електрична инфраструктура, чии најголеми нуклеарни потенцијали би биле сериозно загрозени и логистички отсечени од остатокот од земјата, напиша Ахонен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!