Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден оваа недела во Белата куќа ќе биде домаќин на претседателот на Финска и премиерката на Шведска како знак за добредојде во НАТО!

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден во четврток во Белата куќа ќе ги прими шведската премиерка Магдалена Андерсон и финскиот претседател Саули Ниинисто, изјави во вторникот портпаролката на Бајден додека двете земји се подготвуваат за влез во НАТО.

Тие ќе разговараат за кандидатурите на Финска и Шведска за членство во НАТО и европската безбедност, како и за поддршката за Украина нападната од Русија“, кажа Карин Жан-Пјер.

Финскиот парламент во вторникот гласаше за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формална апликација за членство до седиштето на Алијансата.

Истиот ден, шведската министерка за надворешни работи Ен Линде ја потпиша апликацијата на нејзината земја за членство во НАТО.

Со приемот на лидерите на двете нордиски земји, Бајден сака да покаже дека силно го поддржува нивниот прием во Северноатлантската алијанса.

Иако Финска и Шведска се историски неутрални, руската инвазија на Украина радикално го промени јавното мислење за приклучување кон воен сојуз.

Со исклучок на Анкара, другите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на двете земји. Жан-Пјер кажа дека администрацијата на Бајден верува дека НАТО ќе постигне консензус за прием на Финска и Шведска.

САД се подготвени да понудат безбедносни гаранции за Шведска и Финска за време на процесот на пристапување.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!