Вие имате прво да ја знаете вистината

БЕЛОРУСИЈА ВОВЕДУВА НОВА СМРТТНА КАЗНА – Со овој указ на мета се неколку политички противници на Лукашенко меѓу кои и лидерката на опозицијата!

Белорусија воведе смртна казна за обиди за терористички акти, објавија во средата руските медиумски агенции, потсетувајќи дека ова се обвинувањата со кои се соочуваат неколку опозициски активисти во таа поранешна советска земја.

Белорусија – близок сојузник на Русија – е единствената земја во Европа која продолжува да извршува егзекуции и покрај повиците за мораториум.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потпиша закон за можност за извршување на смртна казна за обиди за терористички акти, објави РИА Новости, повикувајќи се на владиниот он-лајн портал за правни информации.

Се наведува дека законот ќе стапи во сила десет дена по неговото објавување.

Белорускиот суд во градот Гродно денес започна затворено рочиште за случајот против 12 активисти обвинети за „подготовка на терористички акти“, соопшти белоруската група за човекови права „Вјасна“.

Меѓу нив е и активистот Николај Аутхович, кој веќе одлежа повеќе од седум години затвор. 59-годишникот се соочува со голем број други обвиненија, меѓу кои и предавство.

Активистите се обвинети дека ја запалиле куќата и автомобилот на еден полицаец во октомври 2020 година и запалиле автомобил на друг полицаец во ноември 2020 година, среде историските протести што избија во Белорусија поради контроверзниот реизбор на Лукашенко.

Активистите веруваат дека Светлана Тихановска – која сега ја предводи белоруската опозиција од егзил во Литванија – беше вистинскиот победник на изборите во август 2020 година.

Минатиот март белоруските обвинители ја обвинија Тихановска дека „подготвувала терористички акти како дел од организирана група“, според инфромациите на белоруската државна медиумска агенција Белта.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!