Вие имате прво да ја знаете вистината

Властите во Украина тврдат – На руски војник (21 г.) му се суди за воени злосторства во Киев, тој е обвинет за брутално убиство на цивили!

Првото судење за воени злосторства против руски војник започнува во среда во Киев, а проруските сепаратисти велат дека нивниот суд исто така ќе одлучува за судбината на украинските бранители од фабриката за челик Азовстал, објави BBC.

Војникот Вадим Шишимарин (21 г.) е обвинет за убиство на невооружен цивил во раните денови од руската инвазија на Украина. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотен затвор.

Украина тврди дека идентификувала илјадници потенцијални воени злосторства извршени од Русија, додека Москва постојано негираше дека целела цивили.

Обвинителите велат дека Шишимарин се возел во украдено возило заедно со други војници во североисточниот регион Суми кога наишле на 62-годишен велосипедист кој користел телефон.

Тие наведуваат дека на Шишимарин му било наредено да пука во цивили за да го спречи да им ја открие нивната локација на украинските бранители.

Со ова прво судење испраќаме јасен сигнал дека секој сторител, секој кој наредил или помагал во извршувањето на злосторствата во Украина нема да избега од одговорноста“, изјави главната обвинителка Ирина Венедиктова.

Кремљ тврди дека нема информации за судењето на рускиот војник и го обвинува Киев за фабрикување обвиненија.

Засега немаме информации. А можностите за помош се многу ограничени во отсуство на дипломатско претставување“, кажа Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Се чека предавањето на највисоките украински команданти од фабриката Азовстал.

За судбината на борците од Мариупол ќе одлучува судот, велат сепаратистите.

Ако противникот го остави оружјето, судот одлучува за идната судбина“, изјави лидерот на сепаратистите во Доњецк Денис Пушилин, објави ТАСС.

Пушилин кажа дека на сите Украинци кои се решени да бидат „неонацистички воени злосторници“ треба да им се суди на меѓународен суд.

Тој додаде дека највисоките команданти се уште се во фабриката за челик и допрва треба да се предадат, објави Ројтерс, цитирајќи локални медиуми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!