Вие имате прво да ја знаете вистината

Вознемирувачки фотографии! Српските медиуми објавија – ова е телото на Матеј Периш: На раката имал сребрен часовник, телефон во џебот, а патики на телото во распаѓање!? (фото)

Телото на помлад маж е пронајдено утринава кај Ада Хуја, а со визуелен увид била констатирана голема коинциденција со исчезнатиот Матеј Периш.

Имено, на телото се исти патики, маица, темносини фармерки, сребрен часовник на раката и телефон во џебот, што одговара на описот на гардеробата што ја носел исчезнатиот Периш.

Идентификацијата ќе биде потврдена врз основа на ДНК анализа, со споредување на ДНК на трупот со ДНК профилот на таткото на исчезнатиот Периш, Ненад Периш.

Телото, како што пишуваат српските медиуми, било пронајдено во фаза на распаѓање, а морнарите го пронашле утрово околу 9.30 часот.

Форензичарот Часлав Ристиќ во петмесечната потрага по исчезнатиот Матеј од Сплит зборуваше за тоа што се случува кога некој ќе се удави и по колку време телото излегува на површината.

Се зависи од околностите и самата река. Знаеме дека има многу растенија на дното на реката и покрај брегот, потоа има многу отпад, гранки и лисја кои водата ги донела за време на зголеменото ниво на водата. Значи се зависи од тоа како паднал во вода. Ако паднал и се фатил и заплеткал во гранка или вегетација, можно е никогаш да не исплива. Иако со оглед на тоа што водата е ладна, ако само се удавил, телото испливува на површина многу подоцна, по еден месец, а можеби и два – изјави форензичарот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!