Вие имате прво да ја знаете вистината

ДОДИК МУ ИСПРАТИ ПИСМО НА ОРБАН ПОЛНО СО ФАШИСТИЧКИ ИДЕИ: „НЕМА БИОЛОШКИ ДА СЕ ОБНОВИМЕ СО УВОЗ НА НЕХРИСТИЈАНСКА ВЕРА!“ (ФОТО)

Пред два дена, членот на Претседателството на Босна и Херцеговина од Република Српска, Милорад Додик, испрати писмо до унгарскиот премиер Виктор Орбан за да му ја честита изборната победа, за која рече дека е „одлична за Србите од РС“, па изрази задоволство и се сложи со ставовите на Орбан.

Фашистичката политика на унгарскиот лидер еднаш го шокираше светот со оглед на тоа што тој забрани влез на мигранти од арапските земји во Унгарија. Додик му пишува дека го поддржува таквиот потег и го смета за клучен за „иднината на христијаните“.

„Се согласувам со вас дека со одобрената имиграција, Европа исто така работи на укинување на својата биолошка иднина врз основа на христијанските вредности и принципи… Унгарија призна дека вистинскиот начин за биолошко обновување на нацијата е нејзината зголемена стапка на наталитет, а не увозот на луѓе од други култури, цивилизација и нехристијански вери. Република Српска ги препознава овие вредности како свои и во границите на своите можности“, напиша Додик.

Додик наведува и дека му се восхитува на Орбан токму затоа што во срцето на Европа се спротивставува на западните ставови.

„Се восхитуваме на вашата храброст и одлучност што Унгарија дава поддршка на мултилатералните организации чиишто членка е само до степен до кој тоа не му штети на унгарскиот народ и неговата иднина“, напиша тој.

Додик потоа погрешно наведува дека БиХ не застанала на страната на Украина. Иако нема официјални информации дека БиХ вовела некакви санкции кон Русија, тие официјално ги поддржуваат европските декларации за осуда на инвазијата.

„Благодарение на институциите на РС, БиХ не воведе санкции кон Русија ниту застана на страната на Украина, без разлика колку сочувствуваме со страдањата на Украинците. Ние веруваме дека за нас е најмудро и најхумано да бидеме неутрални, да бидеме на страна на мирот и дијалогот“, напиша Додик.

На крајот тој изрази задоволство што Орбан на свеченоста на објавувањето на новиот мандат го посочил српскиот народ како пријателски.

Додик и официјално се потпиша како „српски член на Претседателството на БиХ“, што е тамошна непостоечка уставна категорија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!