Вие имате прво да ја знаете вистината

ЗА ОВАА ЕВРОПСКА ДРЖАВА ПРИКЛУЧУВАЊЕТО КОН НАТО НЕ ДОАЃА ПРЕДВИД – “Остануваме неутрални!“

Канцеларот на Австрија, Карл Нехамер при посетата на Чешка јасно порача дека неговата земја не е заинтересирана за можно членство во НАТО Алијансата.

Австрија беше, е и ќе остане неутрална“, посочи тој при посетата на Чешка.

Според него, прашањето за членството на Австрија во НАТО не се поставува, бидејќи, вели, има сосема поинаква историја од Шведска и Финска.

Нехамер потсети дека двете земји се прогласиле за независни и имаат заедничка граница со Русија.

Затоа постои разбирање дека сакаат да се приклучат на воената алијанса, но за Австрија тоа не доаѓа предвид“, нагласи Нехамер.

Тој кажа дека Австрија е во целосна солидарност со Украина во рамките на Европската унија.

Министерката за одбрана на Австрија, Клаудија Танер, исто така, истакна дека секоја земја сама треба да одлучи дали ќе влезе во сојуз.

Во Австрија, посочи таа, состојбата е уставно-правно јасна и неутралноста е дел од Уставот.

Неутралноста е и во срцата на Австријците“, посочува таа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!