Вие имате прво да ја знаете вистината

Зеленски тврди: “ЗАПОЧНА СПЕЦИЈАЛНА ОПЕРАЦИЈА ЗА СПАСУВАЊЕ НА ВОЈНИЦИТЕ ОД МАРИУПОЛ!“

Во своето редовно ноќно обраќање, претседателот на Украина, Володимир Зеленски кажа дека започнала воено-разузнавачка операција за спасување на украинските војници од Мариупол, но додаде дека ова е деликатна ситуација и дека е потребно повеќе време.

Во меѓувреме, кажа тој, Украина одржува максимална дипломатска активност во други области од интерес.

Денеска разговарав со директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, за тоа како да се забрза обезбедувањето финансиска помош за Украина, со оглед на дефицитот на државниот буџет за време на војната, кој изнесува околу 5 милијарди долари месечно. Разговаравме и за главните насоки на понатамошна соработка“, објасни тој.

Зеленски вели дека со високата полска делегација разговарал за соработка на ниво на Европската унија.

Акцентот беше ставен на забрзување на нашата интеграција во Европската унија и на очекуваната одлука за кандидатскиот статус за Украина“, нагласи тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!