Вие имате прво да ја знаете вистината

Зеленски тврди: “РУСИЈА КОРИСТИ ПРОЕКТИЛИ ПОРАДИ НЕУСПЕХОТ НА АРМИЈАТА НА ТЕРЕН!“

„Русија користи проектили со долг дострел врз цивилната и воената инфраструктура на Украина, бидејќи нејзината војска не може да покаже никакви значајни достигнувања на теренот“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Во видео-пораката објавена доцна синоќа, Зеленски кажа дека имало ракетно гранатирање во регионите Лавов, Суми и Чернихив, воздушни напади во регионот Луганск и „диверзантски активности“ во пограничните области.

Сето ова не е само создавање тензии за нашата земја и не само тестирање на нашите сили. Ова е еден вид обид на руската армија да ги надомести неуспесите на истокот и југот од нашата земја. Тие не можат да покажат успех со општа воена акција во областите каде што се обидуваат да напредуваат. Така тие се обидуваат да покажат успех со своите ракети и други активности. Исто така неуспешно“, посочи Зеленски.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!