Вие имате прво да ја знаете вистината

ИНЦИДЕНТ ВО СЕВИЉА: УАПСЕНИ ПЕТ НАВИВАЧИ НА АЈНТРАХТ! (ФОТО)

Пет навивачи на Ајнтрахт Франкфурт се упасени доцна вчеравечер во Севиља, откако околу 200 германски навивачи нападнале приврзаници на Глазгов Ренџерс пред вечерашното финале во Лига Европа.

Локалната полиција соопшти дека станува збор за прв насилен инцидент пред финалето.

  • Инцидентот се случи пред градската катедрала и припадниците на интервентната полиција мораа брзо да реагираат за да ги спречат навивачите на Ајнтрахт кои нападнаа фанови на Глазгов Ренџерс, соопшти шпанската полиција.

Германските навивачи потоа ги нападнале полицајците, фрлајќи кон нив стаклени шишиња, пиротехнички средства и столчиња.

Во градот се распоредени околу 5.000 полицајци во обид да спречат инциденти во градот во очекување бројката на навивачи од Германија и Шкотска денеска да достигне 150.000. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!