Вие имате прво да ја знаете вистината

НАСИЛНА РУСИФИКАЦИЈА ВО УКРАИНА: “Нашата земја е целосно исфрлена од училишните учебници!“

Просветните работници на ново-окупираните територии на Украина се соочуваат со заплашување, закани и притисок да ја прилагодат училишната програма на проруската реторика.

Пред руската инвазија на Украина, во училиштата низ земјата биле запишани околу 4,23 милиони ученици, според информациите на Украинската државна агенција за образование. Сега повеќе од еден милион деца се внатрешно раселени или принудени да избегаат во странство. Останатите деца се соочуваат со проблемот на русификација во училишниот систем.

Една од образовните жртви на рускиот прогон беше 48-годишната учителка Нина, која се согласила да ја раскаже својата приказна за CNN.

Руските војници упаднале во нејзиниот дом во североисточна Украина кон крајот на април барајќи учебници. „Тие насекаде бараа дури и во одводи и надворешниот тоалет“, кажала таа. Војниците ја терале да зборува руски, ја одвлекле на училиште каде ја принудувале да предава учебници по историја. Таа кажала дека киднаперите и ставиле црна качулка на главата пред да ја однесат на друго место каде што продолжило сослушувањето, најмногу за училишната програма. „Бев обвинета дека сум премногу патриотски настроена. Тие ме прашаа зошто го користам украинскиот јазик како и зошто одам во украинската црква“, објаснила таа.

По нивното ослободување, Нина и нејзиното семејство побегнале во страв дека руските трупи ќе се вратат. Нејзиниот случај не е единствениот, бидејќи по окупацијата се натрупуваат извештаи за закани за просветните работници. Еден наставник изјави за CNN дека руските војници и пришле на директорката на нејзиното училиште и „и наредиле да ги предаде сите учебници по украински јазик и историја“. Позицијата на директорката во тој случај била строга и војниците „заминале со празни раце“.

Наставничка по математика од окупираниот регион Луганск, која се согласила да зборува под псевдонимот Марија, кажала дека наставниците во нејзиното училиште добиле ултиматум да предаваат според руската програма. Наводно, на војниците им било кажано дека руското образование никаде не е признаено и дека децата нема да можат да одат на факултет. На ова таа добила одговор: „Кои универзитети ? Зошто ? Ни требаат работници и војници“, објаснила таа. Но, наставниците во нејзиното училиште продолжуваат жестоко да се спротивставуваат на русификацијата со надеж дека украинската војска наскоро ќе ја ослободи областа.

Со уништените училишта, некои наставници продолжија да предаваат он-лајн како за време на пандемијата. Но, на места каде што поради конфликтот се прекинати интернет-врските, образованието запре. Во обраќањето на 2. мај, украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека најмалку 1.570 образовни институции биле уништени за време на гранатирањето. На 7. мај Украина ја обвини Русија дека фрлила бомба врз училиште во областа Луганск каде што се засолниле 90 луѓе. Се проценува дека животот го загубиле 60 луѓе.

Според Сергеј Хорбачов, владата примила повеќе од 100 повици за помош од наставници, родители и ученици во окупираните региони. „Постојат познати случаи на киднапирања на раководители на образовните органи и директори на училишта. Наставниците се принудени да соработуваат и да работат во училиштата под митралез“, вели тој.

Според регионалните власти на окупираните територии, руските вооружени сили ограбуваат села и поставуваат нови директори и наставници на училиштата кои се на страната на окупаторите.

Олег Охредко, аналитичар во организацијата која ги следи промените во образованието на окупираните територии, изјави за Центарот за граѓанско образование Алменда дека Русија почнала да го „милитаризира образованието“ на Крим по анексијата.

Крајната цел на претседателот Владимир Путин е да го наметне рускиот јазик и руската пропаганда што ќе ги преобликува историските настани. Украина е целосно повлечена од училишните учебници и сè станува историја на Русија“, објасни Охредко.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!