Вие имате прво да ја знаете вистината

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ПРОНАЈДЕНОТО ТЕЛО ВО ДУНАВ – Пронајден мобилен телефон и часовник за кои постои сомневање дека му припаѓаат на Матеј Периш, погледнете! (фото)

Во Белград на реката Дунав е пронајдено тело на маж чија облека одговара на описот на она што го носел Матеј Периш од Сплит ноќта на неговото исчезнување на 30. и 31. декември минатата година.

Српското МВР го известило таткото на МатејНенад Периш дека утрово околу 09:30 часот е пронајдено тело во Дунав кај Ада Хуја низводно од Белград и тој веќе е на пат за Белград, потврди самиот тој за соседните медиуми.

Откако ќе се најде телото, се преземаат сите потребни процедури, а ДНК анализата ќе биде клучна за утврдување на идентитетот.

И покрај сите информации и сомнежи, до првите официјални соопштенија не можеме да кажеме ништо“, вели извор упатен во случајот за соседните медиуми.

Како што дознава српскиот медиум Телеграф, на телото не се забележани траги на насилство.

Младиот човек носел фармерки, маица со принт и бела патика, која одговара на гардеробата што момчето од Сплит ја носел ноќта на неговото исчезнување. ДНК ќе потврди дали се работи за Периш. На раката му бил пронајден метален часовник, а во џебот мобилен телефон. Обвинителот нареди вештачење на сите предмети и ДНК анализа“, вели изворот на Телеграф.

Од Обвинителството на Србија потврдија дека е пронајдено тело на засега непознат маж.

Дежурниот заменик виш јавен обвинител во Белград изврши увид на лице место и нареди обдукција, токсиколошка и ДНК анализа со што ќе се утврди идентитетот на засега непознатото лице, како и причината за смртта. МВР и Вишото јавно обвинителство во Белград навремено ќе ја информираат јавноста за резултатите од споменатите анализи што ги направил Институтот за судска медицина“, велат од Вишото јавно обвинителство за соседните медиуми.

Таткото на Матеј, Ненад Периш, при претресот изјавил дека има целосна доверба во МВР на Србија.

Младиот човек од Сплит исчезна ноќта меѓу 30. и 31. декември минатата година, кога истрчал од белградскиот ноќен клуб „Готик“ каде се забавувал со пријателите и оттогаш му се губи секаква трага.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!