Вие имате прво да ја знаете вистината

ОФИЦИЈАЛНО – Рускиот војник оптужен за воени злосторства во Украина се изјасни за виновен: ВОЈНИКОТ НА ПУТИН БРУТАЛНО УБИЛ НЕВООРУЖЕН ЦИВИЛ!

Руски војник на кој му се суди за воени злосторства во Украина се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил.

Вадим Шишимарин (21 г.) е обвинет дека убил невооружен 62-годишен цивил и сега му се заканува доживотен затвор.

Обвинителите велат дека во иднина може да следат повеќе судења откако ќе се идентификуваат илјадници потенцијални злосторства извршени од руските вооружени сили.

Официјална Москва негираше дека нејзините војници целеле кон цивили за време на т.н. „специјална воена операција“ во Украина.

Вадим Шишимарин

21-годишниот војник беше обвинет за убиство на невооружен цивил во деновите по почетокот на инвазијата.

Се наведува дека Шишимарин добил наредба да пука во цивили за да спречи да им ја откријат локацијата на украинските бранители.

Со ова прво судење испраќаме јасен сигнал дека ниту еден сторител, ниту едно лице кое наредило или помагало во извршување на злосторства во Украина нема да избега од одговорноста“, нагласи главната обвинителка Ирина Венедиктова.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!