Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешниот глумец а денес лидер и херој на Украина, Зеленски се обрати пред присутните на Филмскиот фестивал во Кан: “ЌЕ ЈА ДОБИЕМЕ ОВАА ВОЈНА!“ (видео)

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходната ноќ и се обрати на публиката преку видео врска на отворањето на 75. Кански филмски фестивал и порача: „Ние ќе ја добиеме оваа војна“.

Во видео-повикот Зеленски им се обрати на присутните, организаторите на фестивалот, новинарите и посетителите.

За време на неговиот страстен говор, кој беше преведен во живо на француски, а потоа на англиски за оние кои го зборуваат јазикот, Зеленски направи неколку референци за филмови, вклучувајќи го и „Големиот диктатор“ на Чарли Чаплин, сатира од 1940 година за Адолф Хитлер и нацизмот.

Тој ги повика присутните да не седат со скрстени раце за време на војната.

Најбруталните диктатори на 20 век го сакаа киното“, истакна Зеленски, кој ја истакна иронијата дека филмовите направени за тие диктатори се „ужасни документарни филмови и сведоштва“.

Зеленски се осврна и на неславната реченица од филмот на Френсис Копола за војната во Виетнам, цитирајќи: „Ми се допаѓа мирисот на напалм наутро“, истакнувајќи дека руската инвазија и бомбардирање на украинските градови исто така „започнаа наутро“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!