Вие имате прво да ја знаете вистината

БРАЧНИОТ ПАР ЗЕЛЕНСКИ ЗА ПРВПАТ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА ЗАБЕЛЕЖАНИ ЗАЕДНО – Тие три месеци контактирале само преку телефон а еве ја причината за нивната средба! (видео)

Парот Зеленски присуствуваше на погребот на првиот претседател на Украина, Леонид Кравчук во Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше фотографиран во јавност со сопругата Олена за првпат откако Русија ја нападна Украина пред речиси три месеци.

Брачниот пар присуствуваше на погребот на првиот претседател на Украина, Леонид Кравчук во главниот град на државата, Киев.

Парот изгледаше мирно, но и исцрпено додека одеа заедно за да положат цвеќе на ковчегот на Кравчук, кој беше прогласен за прв претседател на независна Украина по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Тој почина за време на викендот, на 88-годишна возраст, по долго боледување. Зеленски беше облечен во црно и одеше покрај сопругата, чии прсти беа стиснати во тупаници.

Олена се појави пред јавноста еден месец откако откри дека со сопругот разговарала само по телефон од избувнувањето на војната, поради страв дека ако му се придружи во главниот град на Украина, таа и нивните две мали деца ќе бидат во животна опасност.

Како што таа тврдеше, на првиот ден од руската инвазија ја разбудила врева помеѓу 4 и 5 часот наутро, а набрзо дознала дека се работи за експлозија. Тоа, како што вели таа, било последен пат кога го видела сопругот во одело. После тоа тој се облекол во воена облека, која ја носи и денес.

Почна“, беше сè што Володимир и кажал тогаш на неговата сопруга.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!