Вие имате прво да ја знаете вистината

ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА МАТЕЈ ПЕРИШ !? Тело на помлад маж исплива од реката Дунав, според фотографиите истото одговара како описот на Хрватот!

Телото на помлад маж е пронајдено во реката Дунав кај Ада Хуја, а врз основа на споредба на фотографиите на Матеј Периш и пронајденото тело, се претпоставува дека се работи за исчезнат граѓанин на Сплит, објави српскиот медиум Курир.

Имено, како што се дознава, машката гардероба одговара на описот на гардеробата што ја носел Матеј Периш од Сплит на ноќта на неговото исчезнување.

Телото, како што дознава соседниот медиум, било пронајдено во фаза на распаѓање, а рибарите го пронашле утрово околу 09.30 часот по локално време. Како што се дознава, телото е облечено во фармерки, маица со апликација и бела патика, која одговара на гардеробата што ја носел Матеј Периш од Сплит ноќта на неговото исчезнување.

Обдукцијата ќе го утврди идентитетот на машкото лице пронајдено во водата.

Полицијата го извлекла телото, а на лице место се форензичарите. За повеќе детали во текот на денот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!