Вие имате прво да ја знаете вистината

РИМ ВАКВО НЕШТО НЕ ПАМЕТИ! Возел автомобил Maserati низ едно од најпознатите туристички места во Италија а истото го и оштетил! (видео)

Италијанската полиција уапси 37-годишен маж кој возеше изнајмен автомобил Maserati Levante по римските скалила „Trinita dei Monti“, познати и како „Шпански скали“.

Видео снимката од надзорната камера снимила црн автомобил како се спушта по скалите во раните утрински часови. Очигледно, возачот на Maserati не размислувал баш за неговиот бизарен потфат бидејќи регистарските таблички на возилото биле целосно видливи и локалните власти брзо го пронашле преку компанија за изнајмување автомобили со седиште во Милано.

Полицијата на Рим на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека успеала да го идентификува возачот на автомобилот благодарение на помошта на компанија за изнајмување автомобили.

Тој бил уапсен на аеродромот во Милано кога се обидел да го врати автомобилот. Sky News објави дека возилото Maserati предизвикало оштетување на 16-то и 29-то скалило од десната скала и дека тие морале привремено да се поправат за да се овозможи понатамошна употреба од страна на пешаците.

Управата за римско наследство ѝ соопшти на јавноста дека некои од скршените делови се повторно прикачени на скалите, но дека ќе биде потребна понатамошна работа за нивно правилно обновување.

По инцидентот, откриени се широки гребнатини и наноси на двете рампи од второто ниво, кои може да се припишат на истиот настан. Мотивите на човекот зад бизарните акробации остануваат нејасни.

Шпанските скали“ водат од црквата „Trinita dei Monti“. Изградени се помеѓу 1723 и 1725 година и станаа една од најпопуларните туристички атракции во Италија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!