Вие имате прво да ја знаете вистината

Русите нападнаа еден од најголемите украински градови кој досега беше поштеден од било какви напади: “ПРОЕКТИЛ ЈА ПОГОДИ ТРАНСПОРТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА!“

Две силни експлозии се слушнаа околу шест часот наутро во Днипро, град во централна Украина кој до неодамна беше главно поштеден од руски напади.

Валентин Резниченко, гувернер на регионот, вели дека еден проектил бил соборен од украинската воздушна одбрана. Фрагмент од проектил паднал во двор од семејна куќа, при што една жена е тешко повредена.

Вториот проектил ја погоди транспортната инфраструктура“, додаде гувернерот, без да даде и открие повеќе детали.

Днипро, еден од најголемите градови во земјата со околу милион жители, стана центар за илјадници луѓе кои бегаат од конфликтот во јужна и источна Украина, вклучувајќи ги и оние што бегаат од Мариупол.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!