Вие имате прво да ја знаете вистината

Се огласи Ненад Периш по наоѓањето на телото во Дунав: “СПОРЕД ОБЛЕКАТА ПРОНАЈДЕНИОТ МЛАД ЧОВЕК ОДГОВАРА НА МАТЕЈ!“

Ненад Периш, таткото на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, потврди за српскиот медиум Телеграф дека српската полиција го известила дека во средата околу 09:20 часот во реката Дунав во близина на белградскиот кварт Ада Хуја било пронајдено тело на млад човек кој одговара на неговиот син Матеј.

ДНК допрва треба да се споредува, но според облеката, младиот човек личи на Матеј. Па, тоа можам да ви кажам, немам ништо друго засега. Многу ми е тешко и очекувавме некоја посреќна информација, но секоја вистина за жал е болна и јас и моето семејство мора да се соочиме со неа. Така е, ништо повеќе не можам да кажам. Многу ми е тешко. Ќе дојдам во Белград“, изјавил Ненад Периш за соседниот медиум.

Телеграф пишува дека ДНК на пронајдениот млад човек ќе се споредува со ДНК на Ненад Периш.

Младиот човек, кој беше извлечен од Дунав во средата, носел фармерки, маица со принт и бела патика.

Тело на непознато машко лице е забележано утрово околу 09.20 часот во реката Дунав кај Ада Хуја“ – потврдија за медиумската агенцијата Танјуг во Министерството за внатрешни работи на Србија.

Според МВР, се работи за тело на непознато машко лице, а увидот на полицијата е во тек.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!