Вие имате прво да ја знаете вистината

Сигналот на Соломонските Острови ја потресе ЕУ: „ТРЕБА БРЗО ДА ЈА ПРОМЕНИМЕ НАШАТА ОДБРАНБЕНА СТРАТЕГИЈА!“

Европската унија одлучи да ја зајакне својата одбранбена стратегија во индо-пацифичкиот регион поради стравувањата од зголеменото кинеско присуство и загриженоста за меѓународниот поредок предизвикан од руската инвазија на Украина, пишува The Guardian.

Нашето мото е да соработуваме секогаш кога е можно, но и да се браниме кога е потребно“, кажа Габриеле Визентин, специјален претставник на ЕУ за индо-пацифичкиот регион и додаде: „Тоа не е насочено против некоја земја, тоа е начин да ги зајакнеме нашите капацитети и нашиот кредибилитет во однос на одбраната на нашите интереси“.

Визентин кажа дека нема докази кои сугерираат дека војната е неизбежна во регионот – кој покрива голем дел од светот од источниот брег на Африка до Пацифичките острови – но ЕУ е загрижена дека – „мултилатералниот поредок заснован на правила нема целосно да се почитува“.

Трошоците за прекршување на мултилатералниот поредок заснован на правила се доста високи. Тоа секако е сигнал до другите кои можеби исто така сакаат да го нарушат мултилатералниот поредок на таков насилен начин, дека знаат со што ќе се соочат“, тврди преставникот на ЕУ.

Кина се смета за најголема таква закана во регионот. Висентин вели дека ЕУ ја гледа Кина како „партнер, конкурент и ривал“.

Растечката загриженост за военото засилување на Кина во регионот и стратешките намери излегоа на виделина откако во март протекоа детали за безбедносниот пакт меѓу Кина и Соломоновите Острови, оставајќи ги настрана традиционалните партнери како Австралија, САД и Нов Зеланд.

Лабаво формулираниот договор предизвика тревога дека регионалната стабилност може да биде загрозена бидејќи на Кина ќе и се даде можност да распореди свои воени бродови во Тихиот Океан на околу 2.000 километри од брегот на Австралија.

Додека Франција кажа дека е „загрижувачка на неколку нивоа, особено имајќи ја предвид амбицијата на Кина да биде регионален безбедносен актер“, Визентин не сакаше да коментира дали ЕУ го гледа тоа како безбедносна закана додека не ги види деталите од договорот, додавајќи дека секоја земја има право да носи свои суверени одлуки.

Но, се разбира, сигналот што ни го испратија Соломонските Острови е јасен и гласен: ЕУ и другите треба да направат повеќе“, додаде тој.

Суџиро Сим, амбасадорот на ЕУ на Пацификот и Соломонските Острови, кажа дека договорот јасно ѝ ставил до знаење на Европската унија дека има потреба да биде повеќе присутна на Пацификот.

Искуството на Европската унија во безбедносните и одбранбените прашања во Пацификот е многу ограничено. Ова е предизвик за иднината, а безбедносниот договор меѓу Кина и Соломонските Острови мора да се земе предвид при развојот на безбедносните и одбранбените активности на ЕУ во регионот“, вели амбасадорот.

Во март, Европската унија планираше да ја зајакне својата глобална безбедносна и одбранбена политика. Стратешкиот компас го отвора патот за подобрување на способноста на Европската унија да реагира решително во кризи и да ја брани својата безбедност и нејзините граѓани.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!