Вие имате прво да ја знаете вистината

УКРАИНЦИТЕ ИЗМАМЕНИ !? Москва може да донесе закон со кој ќе се откаже од размената на бранителите на Азовстал: “ОВА СЕ ЅВЕРОВИ ВО ЧОВЕЧКИ ОБЛИК!“

Украина ја обвини Русија за измама откако рускиот парламент објави дека ќе го повлече договорот за размена на руски воени заробеници за членови на украинскиот баталјон Азов, од кои околу 250 минатиот ден ја напуштија фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

Претходно оваа недела, Москва се согласи да размени стотици членови на баталјонот Азов кои беа засолнети во фабриката за челик. Меѓутоа, рускиот парламент сега најави дека денес ќе гласа за резолуција за „спречување на размена на нацистички воени злосторници“, а некои членови на парламентот бараат ликвидација на членовите на баталјонот Азов, пишува Daily Mail.

Украина, од друга страна, вели дека ќе ги замени своите сили за руски воени заробеници.

Министерката за одбрана на УкраинаХана Малиар ги отфрли заканите, велејќи дека тоа е „внатрешна пропаганда“, инсистирајќи дека ќе има размена на затвореници.

Експертите го нарекоа потегот на Русија неправеден“, велејќи дека тоа може да го спречи обидот на Украина да ослободи 600 војници, од кои некои се уште се во фабриката за челик. Украинската армија во вторникот побара од нив да се предадат.

Евакуираните војници на баталјонот Азов од фабриката Азовстал, Мариупол

Владислав Давидзон, експерт за Русија во Атлантскиот совет, смета дека промената на законот може да ја наруши секоја размена на затвореници.

Најмалку 250 борци беа евакуирани во понеделникот, а некои од нив беа тешко ранети. Хана Малиар кажа дека Киев знае колку војници се уште има во фабриката, но тие не сакаат да ја откријат таа бројка. Синоќа од фабриката излегоа и седум автобуси со непознат број украински војници. Сепак, сите тие беа пренесени на територијата на Украина под контрола на Русија.

Од друга страна, претседателот на рускиот парламент во вторникот се изјасни против размената на сите затвореници, мислејќи пред се на оние од Мариупол.

Нацистичките криминалци не се предмет на размена. Тие се воени злосторници и мораме да направиме се што можеме за да ги изведеме пред лицето на правдата“, кажа Вјачеслав Володин за време на пленарната седница.

Володин кажа дека Русија прави се за да им обезбеди здравствена заштита на ранетите украински затвореници и да се однесува на хуман начин кон нив.

Но, што се однесува до нацистите, нашиот став останува цврст, бидејќи тоа е една од целите на специјалната воена операција“, нагласи тој.

Пратеникот Леонид Слуцки, кој учествуваше во мировните преговори со Украина, ги нарече евакуираните војници „животни во човечки облик“ и кажа дека верува оти тие треба да бидат осудени на смрт.

Тие не заслужуваат да живеат затоа што извршија монструозни злосторства против човештвото“, кажа тој.

Евакуираните војници на баталјонот Азов од фабриката Азовстал, Мариупол

Во синоќешното соопштение, руските обвинители ветија дека ќе ги испрашуваат украинските борци за да ги идентификуваат и да видат дали извршиле злосторства врз цивили.

Портпаролот на КремљДмитриј Песков , вчера изјави дека рускиот претседател Владимир Путин гарантирал дека борците што ќе се предадат ќе бидат третирани „во согласност со меѓународното право“.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, Мариупол е цел на жестоко гранатирање на руските вооружени сили поради стратешки важната позиција на Црното Море. Градот беше срамнет со земја, а многу цивили и ветерани, кои претходно не успеаја да го напуштат градот, спасот го најдоа во фабриката за челик Азовстал, која беше една од најголемите фабрики во Европа пред војната.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!