Вие имате прво да ја знаете вистината

Финска и Шведска официјално аплицираа за членство во НАТО: “ОВА Е ИСТОРИСКИ МОМЕНТ!“

Финска и Шведска официјално поднесоа барање за приклучување кон НАТО во седиштето на алијансата во средата, започнувајќи процес на пристапување кој се очекува да потрае само неколку недели.

И Шведска и Финска беа неутрални за време на Студената војна, а нивната одлука да се приклучат на НАТО се поттикната од руската инвазија на Украина која е една од најзначајните промени во безбедносната архитектура на Европа во последните децении.

Оваа одлука ја одразува големата промена во јавното мислење во нордискиот регион по руската инвазија на 24. февруари.

Ова е историски момент што мораме да го искористиме“, кажа генералниот секретар на НАТОЈенс Столтенберг на кратката церемонија на која амбасадорите на Финска и Шведска во НАТО ги доставија своите апликации за членство.

Турција во последниве денови ги изненади своите сојузници велејќи дека има резерви за финското и шведското членство. Столтенберг во средата изјави дека мисли оти проблемите можат да се решат.

Решени сме да работиме на сите прашања и да дојдеме до брзи заклучоци“, нагласи Столтенберг, истакнувајќи ја силната поддршка од сите други сојузници.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!