Вие имате прво да ја знаете вистината

ФРАНЦИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ВООРУЖУВА УКРАИНА – Макрон му вети на Зеленски дека ќе ги исполни сите барања на Киев!

Претседателот на Франција, Емануел Макрон во разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски соопшти дека Франција ќе продолжи и ќе ја зголеми испораката на оружје за Украина, соопшти претходниот ден Елисејската палата.

Тој (Макрон) ја потврди својата целосна решеност да одговори на сите барања на Украина за поддршка, особено во однос на одбраната, горивото, хуманитарната помош, економската и финансиската поддршка и борбата против неказнивоста. Тој потврди дека испораката на оружје за Украина ќе продолжи и ќе се развива во наредните денови и недели, како и снабдувањето со хуманитарна опрема“, се вели во соопштението на веб-страницата на Елисејската палата.

Пристигнување на воена помош за Украина

Страните разговараа и за безбедноста на храната и можните начини за извоз на жито од Украина, како и за безбедносните гаранции кои Франција би можела да ги обезбеди на Украина.

Макрон, исто така, му рекол на Зеленски дека апликацијата на Украина за членство во ЕУ ќе биде разгледана на состанокот на Европскиот совет во јуни, врз основа на проценката на ЕК.

Во таа насока, како што се наведува во соопштението, Макрон потсетил на неговиот предлог за создавање „европска политичка заедница“.

Володимир Зеленски на 28. февруари ја потпиша апликацијата за пристапување на Украина во Европската унија. Следниот ден, Европскиот парламент ја поддржа резолуцијата со која Украина и се доделува кандидатски статус.

Претходно постојаните претставници на ЕУ се согласија да и наложат на Европската комисија да подготви оценка за барањата на Украина, Грузија и Молдавија за членство во ЕУ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!