Вие имате прво да ја знаете вистината

ШОК ВО ПАРЛАМЕНТОТ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Срам за Борис Џонсон, уапсен пратеник од неговата партија под сомнение дека извршил неколку сексуални напади!

Неименуван британски пратеник од редовите на Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон е уапсен под сомнение за силување и други сексуални вознемирувања извршени во период од седум години.

Човекот се соочува и со обвинувања за злоупотреба на довербата и недолично однесување на јавна функција, објави BBC.

Портпаролот на полицијата не сакал да го потврди идентитетот на мажот или дали е воопшто пратеник.

Во јануари 2020 година, Полицијата доби извештај за наводни сексуални вознемирувања извршени помеѓу 2002 и 2009 година. Прекршоците наводно се случиле во Лондон. Мажот бил уапсен под сомнение дека извршил непристоен напад односно сексуален напад, силување, злоупотреба на доверба и недолично однесување на јавна функција“, се вели во соопштението.

Од канцеларијата на партијата на Џонсон, која е надлежна за партиска дисциплина, потврдија дека побарале од пратеникот да се држи подалеку од парламентот додека трае истрагата.

Од дотичниот пратеник беше побарано да се држи подалеку од Собранието додека трае истрагата. До крајот на истрагата нема да коментираме повеќе“, се вели во соопштението на портпаролот.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и дека ја водат службеници на Централната специјалистичка единица за криминал.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!