Вучиќ по средбата со Орбан испрати силна порака: „Нека живее пријателството помеѓу Србија и Унгарија!“ (Видео)
Претседателот на Србија, Алкесандар Вучиќ, објави ново видео по средбата со премиерот на унгарската Влада, Виктор Орбан.
- Знам дека од најдоброто партнерство ќе успееме во следниот период да направиме уште подобра и поуспешна соработка меѓу нашите народи! – стои во објавата на Инстаграм на buducnostsrbijeav со видео од денешната средба од 89. Меѓународен саем за земјоделство.
- Да живее пријателството меѓу Србија и Унгарија – рече Вучиќ.
Потсетуваме, Александар Вучиќ и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан присуствуваа на свеченото отворање на 89. Меѓународен саем за земјоделство.
Вучиќ претходно изјави дека пријателството со Унгарија е од суштинско значење за Србија и дека нема причина двете земји да се грижат за храната.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека најверојатно во среда или четврток ќе разговара со својот руски колега Владимир Путин.