Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали соработникот на Путин, Медведчук, ќе биде разменет за припадниците на баталјонот „Азов“? Руски преговарач вели дека Москва ќе го разгледа тој предлог!

Членот на руската делегација на преговорите со Украина и шеф на фракцијата на Либерално-демократската партија, Леонид Слуцки, денеска изјави дека Москва ќе ја проучи иницијативата за размена на членови на баталјонот „Азов“ од Мариупол за уапсениот украински опозициски политичар Виктор Медведчук.

Тоа го изјави Слуцки при посетата на Доњецк, пренесе руската агенција РИА Новости.

„Кога станува збор за размена, ние ќе го проучиме тоа прашање. Не лично, туку оние кои имаат овластување во Москва да проучуваат и да носат одлуки во врска со иницијативата за размена на Медведчук за „Азовците“, рече Слуцки.

Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, изјави дека „нацистичките криминалци не треба да се разменуваат“, а Русија прави се за да ги изведе пред лицето на правдата, потсетува агенцијата РИА Новости.

По веста за апсењето на Медведчук, Володин рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе мора да одговара „доколку нешто му се случи на уапсениот лидер на политичкиот совет на украинската партија „Опозициска платформа – за живот“.

Тој нагласи дека Медведчук е познат како иницијатор за реализација на договорите од Минск во „нормански формат“ и „тешко дека денеска ќе се случуваа трагични настани доколку успеел во сето тоа“, и дека се залагал за независна и неврзана Украина.

По апсењето на Медведчук, Зеленски и понуди на Русија размена за „заробените граѓани на Украина“.

Украинските власти го сомничат Медведчук за велепредавство и обид за грабеж на националните ресурси на Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година. Во Украина го сметаат за сојузник на Путин, кого го нарекува „личен пријател“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!