Вие имате прво да ја знаете вистината

Демонстрантка ги обоила градите во боите на украинското знаме па направила шоу на црвениот тепих: Обезбедувањето одвај ја смирило! (Фото, видео)

Жена топлес истрча на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, со испишана порака на нејзиното тело во боите на украинското знаме, во знак на протест поради силувањето од страна на руските војници во инвазијата на Украина, јави Би-Би-Си.

На црвениот тепих демонстранката го скина горниот дел од облеката и ја покажа пораката „Престанете да не силувате“ испишана на телото со боите на украинското знаме.

Нејзините бедра беа ишарани со црвена боја, што симболизира крв.

Украинските власти соопштија дека истражуваат случаи на силување извршени од руски војници за време на окупацијата на делови од земјата.

Во вторникот вечерта свеченото отворање на 75. Кански филмски фестивал беше одбележано со видео порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во контекст на војната во Украина, организаторите на фестивалот решија да ги ускратат акредитациите на сите руски филмаџии, но и на новинарите кои на кој било начин се поврзани со руската влада.

Од друга страна, противникот на војната во Украина, рускиот режисер Кирил Серебреников, познат по храбрите филмови и поддршката за ЛГБТ + луѓето, официјално го отвори фестивалот со филмот „Жената на Чајковски“ во конкуренција за Златната палма и рече “Не за војна!”

слика
слика
слика
слика
слика
слика

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!