Вие имате прво да ја знаете вистината

Драма во Формула 1 поради која итно е покрената истрага: “Ни го украдовте болидот!”

Формула 1 овој викенд се вози во Барселона на Шпанското ГП, а фокусот е на тимовите на Ред Бул и Астон Мартин бидејќи возат речиси идентичен болид.

Имено, Астон Мартин претстави нова верзија на својот болид која многу потсетува на “РБ18” на Ред Бул, а тоа беше доволно ФИА веднаш да започне истрага.

“Ова не е случајно бидејќи повеќе технички персонал од нашиот тим се пресели во Астон Мартин. Не можеме да ги запреме луѓето и да ги спречиме да го изнесат знаењето од нашата компанија што го имаат во главата. Сепак, не е фер, ниту е прифатливо да се изврши пренос на интелектуалната сопственост”, рече првиот човек на Ред Бул Кристијан Хорнер и на тој начин им стави до знаење на сите дека верува дека ова е класична кражба на дизајн.

И легендарниот Хелмут Марко, инаку советник на Ред Бул, се согласува со Хорнер и го објасни сложениот процес на копирање на дизајни кои може или не мора да бидат казниви.

“Се е во ред бидејќи копирањето не е забрането. Сепак, треба да се разјасни како точно се случило. Кај нив се префрлија седум луѓе од нашиот тим, го одведоа нашиот главен аеродинамичар и му понудија огромни пари. Истражуваме и други факти, а се чини дека има и докази дека податоците се зачувани и пренесени. Прашањето е дали можете да копирате нешто толку детално без да имате документи кои ќе ви покажат како да го направите тоа”, рече Марко на германската телевизија.

Да потсетиме, пред две години Астон Мартин беше цел на прозивки поради идентичниот болид што го возеше Мерцедес една година претходно.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!