Вие имате прво да ја знаете вистината

МЕ ПРАШАА ДАЛИ СУМ ПЕРВЕРЗНА, НЕ СМЕЕВ НИТУ ДА ПИСНАМ: Вака сектата ме врбуваше да му станам сопруга на Том Круз!? (фото)

Поранешниот саентолог Анет Ајрин Јохансен откри дека, додека била член на оваа црква, била на аудиција за животна улога: за сопруга на Том Круз.

Анет, која денес има 45 години, е родена во Норвешка, а живеела во Копенхаген кога провериле дали е доволно добра за да биде избраница на најголемата ѕвезда на саентологијата, холивудскиот актер Том Круз.

Анет еднаш призна дека од неа било побарано/била замолена да сними видео кога имала 27 години. Тогаш сфатила дека тоа е всушност тест за избор на идната г-ѓа Круз. Анет објасни за Дејли Меил дека тим од Голден Ера Продукција – најмодерното медиумско студио за саентологијата – специјално долета од Холивуд за да ја сними нејзината аудиција.

“Никогаш не ми беше кажано која е вистинската причина”, изјави Анет за Daily Mail.

Анет, која студирала ветерина, но се откажала од се за да се приклучи на Саентолошката црква, мислела дека е чудно што фризери и шминкери толку многу и пречеле за време на снимањето.

“Не сакаа да изгледам природно, но ги спречив кога почнаа да претеруваат со шминката. Реков дека е доволно, сакав да личам на себе, а не на некој друг”.

Сепак, луѓето од тимот беа упорни, пишува redbookmag.

“Кога саентолошката организација ќе ја добие наредбата, тие мора да ја спроведат. Тие биле под притисок да изгледам совршено. Бев малку шокирана, се обидуваа да ме сменат, изјави Анет.

„Не ми беше дозволено да писнам“

Но, таа не поставуваше прашања.

“Сум видела многу луди работи откако станав член на саентологијата, па попуштив”, вели Анет, која признава дека оваа секта и ги одземала 10-те најдобри години од животот.

И кога камерите конечно почнаа да снимаат, режисерот ја замоли Анет да го опише своето семејство, образованието и да зборува за нејзините достигнувања како саентолог.

“Одговорив најдобро што можев, но ми беше малку непријатно. Им кажав за сите црковни курсеви што ги посетував, само сакав да покажам колку сум посветена”, изјави таа за Дејли Мејл.

Не ни знаела зошто никому му го кажува сето ова, но добила инструкции дека не треба ни да прашува за тоа што се случило.

Една недела подоцна, таа добила телефонски повик од Грег Вилхир, близок до Том Круз. Грег го видел видеото и имаше неколку прашања до неа во врска со “проектот” на кој работеше – проектот веројатно требаше да се најде нова миленичка на Том одобрено од црквата.

“Неговото испрашување брзо стана непријатно. Ме праша дали сум била сексуално девијантна во минатото, дали некогаш сум имала хомосексуални искуства, дали сум перверзна, дали сакам тројки. Сакаше да се увери дека моето досие за секс е чисто. Не се осмелив да му одговорам со конта прашање бидејќи беше многу строг”, објасни таа.

Таа знаеше и дека црквата има пристап до нејзините податоци, па не можеше да лаже.

“Се чувствував лошо поради тоа, тие беа премногу лични прашања”.

Потоа следуваше затишје, сè до неколку години подоцна кога го виде интервјуто со режисерот и поранешен саентолог Пол Хагис, кој призна дека неколку жени во минатото биле на аудиција за улогата – сопруга на Том Круз. Тогаш сè и беше јасно.

Тоа беше токму процесот низ кој поминав, помисли таа.

Во тоа време, Том штотуку раскинал со Назанин Бониади, актерка која ( наводоно) исто така била регрутирана да му биде девојка, во времето на аудицијата на Анет.

“Почна да излегува со Кејти Холмс во април, па можеби сакаа резервен план доколку работите не успеат. Тоа имаше смисла. Ништо не оставаат на случајноста кога станува збор за Том Круз”, рече таа.

“Не знам колку од нив биле на аудиција во Европа. Мислам дека бев единствената во Данска. Се разбира, тие не ви кажуваат дека тоа е аудиција. Никогаш нема да знаете дека е за Том Круз”.

Патем, Анет и остави 150.000 долари на Саентолошката црква за 10 години. Од нив, 40.000 долари од нејзините пари отидоа за “спасување на децата од психијатрија”, која саентологијата ја смета за главен непријател, вели таа.

Сега Анет студира фармација и ги обучува оние кои се вклучени во некоја насилна врска.

“Мој совет до секој потенцијален соговорник на Том Круз е да бидете свесни дека никогаш не се искрени, дека имаат скриена цел, ќе ве поканат да влезете, но сакаат нешто од вас. Ќе ви биде кажано да направите посебна работа. Ќе тврдат дека можат да ве поврзат или да ве подигнат на повисоко ниво, но тоа е за нивни цели. Ми ги земаа сите пари. Ветија дека ќе имам прекрасна кариера. Но, тие го кријат тоа што го прават, се кријат зад совршена фасада. Доколку продуцентската куќа ве покани на видео обука, бидете внимателни. Ако ви даваат комплименти, велат дека сте многу важна личност, знајте дека сакаат да ве искористат. Никогаш нема да знаете дека тоа е аудиција за Том Круз, ќе мислите дека тоа е награда за посветеност. Во саентологијата, манипулацијата се случува постепено со текот на годините. Не е дека луѓето се борат да влезат во овој култ и потоа среќно да одат подлабоко. Тоа е многу поподмолно”, вели таа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!